| |

Седум медали за Таеквондо клубот Хоук-Банско на Охрид опен 2024

Од 21 до 23 јуни во град Охрид се одржа меѓународниот турнир во таеквондо „Охрид опен“ 24, јавува Пиринско. Во турнирот учествуваа натпреварувачи од седум земји кои се натпреваруваа во дисциплините спаринг и фитнес. Таеквондо клубот Хоук Банско го претставуваа седум спортисти кои освоија вкупно седум медали.

Прво место за Катрин Гемкова во категоријата спаринг за жени до 72 килограми, прво место за Мартин Димитров во категоријата спаринг кај мажи до 92 килограми и прво место за Бојан Штипцов во категоријата спаринг за деца до 50 килограми.

Второ место за Марија Котиркова во категоријата спаринг девојки до 50 кг. и трето место во 6-5 гуп. Второ место и за Исмаил Кунгjов во категоријата спаринг за деца +40 кг. Трето место за Дениз Орцев во категоријата деца до 30 кг.

Турнирот беше последен за оваа сезона.



Слични Објави