|

Северна Кореја се закани: Ако продолжат воените вежби на Јужна Кореја и САД , силно ќе одговориме

Северна Кореја денеска се закани дека ќе преземе „невидени трајни, силни одговори“ доколку Јужна Кореја и САД продолжат со планираните воени вежби, обвинувајќи ги сојузниците за подигање на тензиите во регионот.

Во изјавата пренесена од државниот медиум КЦНА, Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, исто така, рече дека ќе разгледа дополнителна воена акција доколку Советот за безбедност на ОН под влијание на Соединетите држави продолжи да врши притисок врз Пјонгјанг.

Изјавата дојде додека Јужна Кореја и САД се подготвуваат за годишни воени вежби како дел од напорите за подобро спротивставување на растечките нуклеарни и ракетни закани на Северна Кореја, пренесува Ројтерс.

Министерството за одбрана на Сеул во петокот соопшти дека Јужна Кореја и САД ќе одржат симулациски вежби во Вашингтон следната недела и редовни пролетни вежби наречени Штитот на слободата следниот месец во Јужна Кореја.

Јужна Кореја го нарече северниот сосед „непријател“ во новиот одбранбен документ, термин што го употреби за прв пат по шест години, што сигнализира ново заострување на односите со Пјонгјанг,пренесе Индекс.хр.



Слични Објави