Викторија Нуланд: САД ги поддржуваат нападите на Украина врз воените објекти на Крим, тие се легитимни цели
Заменик-државниот секретар на САД за политички прашања Викторија Нуланд изјави дека САД ги поддржуваат нападите на Украина врз воените објекти на Крим и дека тоа се легитимни цели, пренесува ТАСС.
„Украина нема да биде безбедна доколку Крим не се демилитаризира“, рече Нуланд за време на видео дискусија организирана од Фондацијата Карнеги за меѓународен мир со седиште во Вашингтон.
Нуланд, исто така, рече дека Киев треба да врати „значајни делови од територијата пред да се отвори прашањето за Крим“,пренесе Танјуг.