Шаќири ја презеде од Царовска функцијата Министер за образование и наука

/

Јетон Шаќири денеска ја презеде од Мила Царовска функцијата министер за образование и наука во новиот состав на Владата.

-На новиот министер за образование и наука, мојот почитуван досегашен колега Јетон Шaќири, му посакувам успешна работа во извршувањето на оваа функција. Министерството за образование и наука во изминатиот период реализираше и започна реформи кои се од огромна важност за учениците, студентите и воопшто за државата, напиша Царовска на својот фејсбук-профил.

Шаќири е кадар на ДУИ и досега ја извршуваше функцијата министер за информатичко општество и администрација.



Претходна статија

Ковачевски се надева дека преку соработка во економијата и образованието, Бугарија ќе го тргне ветото

Следна статија

(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски ги прими претседателот и членовите на новоизбраната Влада

Најново од Вести