| |

Шефицата на бугарската дипломатија Петрова присуствуваше на традиционалната воена парада по повод националниот празник на Франција

Министерката за надворешни работи Велислава Петрова присуствуваше на традиционалната воена парада по повод националниот празник на Франција. На парадата учествуваa и припадници на Националната гарда на Бугарија. Петрова беше дел од официјалната делегација предводена од премиерот Румен Радев, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон.

Годинешното мото беше „Стратегиско будење во Европа“ – порака што ја одразува променетата безбедносна средина на континентот по почетокот на војната во Украина. На воената парада, одржана на плоштадот „Конкорд“, продефилираа околу 6.686 војници, а беа вклучени и 299 борбени возила и 193 коњи. Во воздушниот дел учествуваа 98 воени авиони, меѓу кои осум од сојузнички држави, 32 хеликоптери и околу 60 дронови. Покрај Бугарија, во пешадискиот марш учествуваа и војници од Велика Британија, Германија, Полска, Романија, Шведска, Словачка, Австрија, Канада и Австралија. Во церемонијата учествуваа и 25 украински војници, јавува МНР на Бугарија.

Слични Објави