Шефицата на ИАБЧ со повик за повеќе можности за Бугарите од дијаспората за високо образование во Бугарија
Советот на ректорите на високообразовните установи во Бугариja одржа изнесена седница на 5 јуни во Бургас, јавува БНР. Меѓу присутните на средбата беше и извршната директорка на Извршната агенција за Бугарите во странство, Рајна Манџукова. Таа ги повика ректорите да го прошират кругот на бугарски и странски државјани со бугарско потекло, кои би добивале олеснувања при изборот на високообразовна установа во Бугарија.
„Бугарите од странство, кои се запишуваат во бугарските високообразовни установи, претставуваат сериозен ресурс и за решавање на кризата со работната сила, како и на демографската криза. Огромен број од младите луѓе, кои дипломираат во нашите високообразовни установи, остануваат во Бугарија. Важно е да преземеме чекори за да го зголемиме бројот на овие луѓе, без да ги ограничуваме само на Бугарите од историските заедници, кои имаат права според законот и ПМС 103“, подвлече Манџукова.
Според неа, од 1993 година наваму, кога е создадена оваа уредба, не е направена анализа за тоа што се случува со стотиците илјади студенти што се образувале во Бугарија – дали ја работат професијата што ја завршиле тука и дали останале во Бугарија.