| |

Шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев зеде учество во состанокот на неформалниот Совет „Надворешни работи“ во Лвов

На Денот на Европа – 9 мај, министерот за надворешни работи на Бугарија Георг Георгиев го посети Лвов заедно со своите колеги од земјите-членки на ЕУ, каде учествуваше на неформалниот Совет „Надворешни работи“, јавува бугарското МНР. Првите дипломати на европските земји ја посетија Украина како демонстрација на непоколебливата поддршка и солидарност на ЕУ кон Киев.

Министрите разговараа за прашањата поврзани со продолжувањето на помошта за Украина, како и за одржувањето на претстојната министерска средба на Коалицијата на земјите за создавање на Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина, како важен политички чекор. По повеќе од две години координирана работа и финализирање на клучните проекти на правни инструменти, Средбата на високо ниво објави политичко започнување на процесот за создавање на Специјален трибунал и повторно го потврди ангажманот на учесниците дека извршителите на злосторствата од агресија во Украина ќе бидат доведени пред одговорност, стои во соопштението на бугарското МНР.



Слични Објави