|

Шефот на италијанската дипломатија за здравјето на Берлускони: „Има причини за оптимизам“

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска потврди дека разговарал со докторот на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони за неговата здравствена состојба и дека тој му рекол дека има причина за оптимизам.

„Ова ни дава причина да бидеме оптимисти. Берлускони е лав, а и физички е силен. Сакаме да бидеме оптимисти. Во „Форца Италија“ сите работиме и го следиме текот на болеста со пријателство и љубов. Се надевам дека ќе може што поскоро да закрепне“, изјави Тајани, кој е долгогодишен соработник и пријател на Берлускони, пренесува Ројтерс.

Партијата „Форца Италија“ на Берлускони соопшти дека високи партиски функционери разговарале со Берлускони, како и со премиерката Џорџа Мелони и министерот за инфраструктура и лидер на Лигата, Матео Салвини.

„Тоа беше најдобриот телефонски повик што можев да го добијам“, изјави Салвини.

Медиумите потсетуваат дека се појави информација дека Берлускони боледува од леукемија.

Слични Објави