Шекеринска: Пристигнаа словенечките пожарникари и веќе се во Берово
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на социјалните мрежи сподели информација дека словенечките пожарникари веќе се во Македонија, и распоредени во Берово да помогнат во гасењето на пожарите.
„Пристигнаа словенечките пожарникари и веќе се во Берово од каде ќе бидат распоредени да помогнат во гасењето на пожарите во регионот.“, напиша Шекеринска.
Инаку во гасењето на пожарите во пехчевско, помагаат и бугарски пожарникари, како и хеликоптери испратени од МВР на Србија.
Пристигнаа словенечките пожарникари и веќе се во Берово од каде ќе бидат распоредени да помогнат во гасењето на пожарите во регионот. pic.twitter.com/1guD3sNTIj— Радмила Шекеринска (@Sekerinska) August 5, 2021

