ШЕЌЕРИНСКА И ПЕНДАРОВСКИ НУДЕЛЕ СРСПКИ ШПИОН ЗА МАКЕДОНСКИ ПРЕТСТАВНИК ВО НАТО

Претседателот Стево Пендаровски призна дека НАТО одбил да даде агреман за полковникот Зоран Секуловски, кој требаше да биде македонски воен претставник во Алијансата.

loading...

Во интервју за МИА, Пендаровски открива дека постојат две причини зошто е одбиен Секуловски, првата е поврзаност со корупција, а другата контакти со непријателски служби на НАТО.

Секуловски беше предложен од министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, помина во влада, а беше одобрен и од претседателот Пендаровски.

“Станува збор за проверките што досега се прават за околу 150 лица од највисоките политички, разузнавачки и одбранбени ешалони и досега проверката е завршена за повеќе од половина од таа бројка – позитивно“, открива Пендаровски.

Тој вели дека НАТО проверката не ја поминале две лица, а очекува да има проблеми и со 15 други.


loading...

Од дипломатски извори во Скопје се дознава дека македонските безбедносни служби знаеле дека полковникот Секуловски има блиски врски со Србија, но и покрај тоа решиле да го предложат за македонски претставник во НАТО.

Истиот извор откива дека македонската страна ги игнорирала советите на одредени пријателски служби да не го номинираат Секуловски оти може да не ги помине проверките на Алијансата.

Извор: Zoom.mk