ШЕСТ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП
На 28 октомври во 19.15 на регионалниот пат Градско – Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од лице од Прилеп и патничко возило „голф“, со битолски регистарски ознаки, управувано од лице од Битола.
По незгодата сите учесници се префрлени во Градска Болница – Прилеп, каде од страна на лекар кај возачот на битолксиот Голф се констатирани тешки телесни повреди, а возачот на прилепското возило и сопатниците едно лице од Демир Хисар, две лица од Битола и едно лице од Прилеп се здобиле со телесни повреди. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

