|

Шестгодишно дете преживеа пад од 12 метри во забавен парк, се скинала опремата

Шестгодишно момче од  мексиканската држава Нуево Леон, доживеа несреќа во забавен парк.

Имено, за време на посетата на забавниот парк, 6-годишниот Цезар сакал поминувал преку жица од една до друга карпа, додека под него имало базен.

Крај себе имал инструктор,  а на него шлем и сите безбедносни појаси. Сепак, се случило нешто неочекувано, кое таткото на момчето успеало да го сними на камера.

Безбедносната опрема наеднаш пукнала, а момчето почнало да паѓа од висина од 12 метри во базенот под него.

За среќа, еден од волонтерите кој бил покрај базенот веднаш скокнал да го извлече и се завршило добро за ова семејство.

По инцидентот, забавниот парк бил затворен поради контрола, а семејството најавило тужба поради тоа што го доживеале, јавуваат светските медиуми.

Слични Објави