ШЕСТМИНА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА НА ПОПОВА ШАПКА
Шест млади лица се повредени откако автомобилот со кој патувале поради неприлагодена брзина излетал од патот Тетово – Попова Шапка. Несреќата се случила во близина на селото Лисец.
– „БМВ” со тетовски регистарски таблици, управувано од 19-годишниот Т.Т. од Лисец, излетало од коловозот во близина на село Лисец. Возачот и петмината сопатници во возилото на возраст од 16,18,19 и 20 години се повредени. Тие се пренесени во тетовската клиничка болница – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово
