ШЕСТМИНА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА АВТОПАТОТ ВЕЛЕС – СКОПЈЕ

Една жена е потешко повредена додека петмина други полесно во сообраќајната несреќа што се случи утрово на автопатот Велес – Скопје. Според информации на Телма жената е префрлена во скопскиот Ургентен центар, но за сега се прават испитувања на сериозноста на повредите со кои што се здобила. Останатите петмина се префрлени во велешката болница.

Од велешката полиција информират дека несреќата се случила помеѓу пет возила а најверојатна причина е лизгавиот коловоз во утринските часови. Додека траел увидот било повикано и дополнително возило на брза помош.

Сообраќајната несреќа се случила кај местото Кула а автопатот Велес – Скопје е целосно затворен за сообраќај, информираат од АМСМ.