ШИЛЕГОВ ГО НАПАДНА ЧУЛЕВ: МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ СЕ ОДНЕСУВАЛ КАКО ЕВТИН ПЛАТЕНИК НА ДПМНЕ
„Згрозен сум од Наќе Чулев. Згрозен како човек затоа што станува збор за човек, кој очигледно има мисија да направи целосна девастација на правниот систем во нашата држава“ изјави денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот инцидент на Вардариште, каде беа претеапни двајца инспектори на Град Скопје, а едниот заврши во болница, во потешка здравствена состојба.
„Наќе Чулев треба да престане да се однесува како евтин платеник на Мицкоски и на ДПМНЕ. Бидејќи очигледно е, за сите здраворазумни луѓе во нашава држава, дека политичката агенда на Чулев, еве да не биде и на ДПМНЕ, но јас сум убеден лично во тоа, е да се загрози здравствената и економска состојба во државата со цел да направат некаков ситен профит, евентуален, во изборите кои сакале или не ќе ни се случаат оваа година“ додаде Шилегов.
