|

ИРАН ГИ ОТВОРА ПРИВРЕМЕНО ЏАМИИТЕ ЗА РАМАЗАН

Сите џамии во Иран би требало привремено да бидат отворени во рамките на владиниот план за ублажување на мерките за ограничување воведени поради епидемијата на коронавирус.

Џамиите ќе се отворат на три дена поради одбележувањето на светиот месец рамазан и засега не е јасно дали потоа ќе останат отворени.

Од џамиите се бара да се придржуваат до строгиот здравствен протокол.

Иранскиот врховен лидер, ајаталахот Хамнеи, вчера ги повика властите да водат грижа за потребата на луѓето од молитва за време на овој критичен момент.

Минатата недела беа отворени џамиите во повеќе од 160 града и места што спаѓаат во подрачја со низок ризик од зараза кога, поради епидемијата, беа затворени речиси два месеца.

Иран има 109.286 заболени и 6.685 смртни случаи од коронавирус./Макфакс

Слични Објави