ШИЛЕГОВ: ОПАСНО Е ТОА ШТО ВМРО-ДПМНЕ СЕ ОБИДУВА ДА ГО СПРЕЧИ ОТСТРАНУВАЊЕТО НА ГАЛИИТЕ

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на својот Фејсбук профил изнесе низа обвинувања на сметка на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

loading...

Тој вели дека скандалозно, криминално и опасно по сигурноста на скопјани е што ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го спречи отстранувањето на галиите од реката Вардар.

„Скандалозно, криминално и опасно по сигурноста на Скопјани е што ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го спречи отстранувањето на „галиите„ во реката Вардар, за кои е веќе констатирано дека го подриваат системот за спречување од поплави. Отстранувањето на „статичките бродови“ во Вардар е нужно за зголемување на пропусната способност на регулираното корито, за да се спречи голема поплава како во 1962 година“, пишува Шилегов.

Тој додава дека уште во февруари 2017, во студијата на Град Скопје „Отпорно Скопје“, се констатирало дека е намалена „максималната проектирана пропусна способност на регулираното корито за околу 25-30%“.


loading...

„Во истата студија како главен виновник се посочуваат и „статичките бродови“ во Вардар. Таа студија му била позната и на Градоначалникот Коце Трајановски, кој бил должен да постапи и да ги отстрани галиите од коритото на Вардар, кои заедно со други објекти од т.н. „проект Скопје 2014“, значително ја намалуваат заштитата од поплави на градот Скопје“, посочува Шилегов.

Извор: Зум.мк