ШКОЛУВАЊЕ VS ОБРАЗОВАНИЕ

//

Школувањето се стекнува со учење и упорност, образованието се стекнува со постојано проширување на перспективата со љубопитноста и желбата да се направи разновидна, квалитетна личност од себе. Големиот проблем е што денешната младина не чита. Речиси ништо. Ова се луѓето во кои е иднината, кои утре ќе управуваат со земјата, ќе ги лечат луѓето, ќе градат мостови и ќе ги учат нашите внуци!

Денес за луѓето е тешко да прочитаат нешто што е подолго од 3 реченици. Едно е тоа што со читање себеси се надоградуваме со знаење и збогатување на речникот а пак без читање ние остануваме лишени од прекрасните светови кои книгата со самото читање ни ги носи. Она што обично го слушам е: „Кој ќе чита сега”, или од „колку е долгo ова”. Од една страна ние не сме ни свесни за фактот дека ако не се надградуваме стануваме „проста маса“ без свое мислење со која лесно се манипулира. Од друга страна пак нашиот речник е сведен на пцуењето, жаргонот сведен од типот на поштенско сандаче. Малкумина денес не се сигурни дали правилно го пишуваат НЕЗНАМ или НЕ ЗНАМ … Сум имала можност да бидам во друштво на луѓе со многу високо образование и сум дошла до заклучок дека не секој школуван е и образован човек. Тој има титула, но тој нема знаење. Веројатно за тоа е криво времето и системот во кој живееме. Некој ќе каже дека читањето е губење време со што јас никогаш и нема да се согласам. И мене многу често ми зборуваат дека го идеализирам светот и дека на сѐ гледам од поведрата страна бидејќи читам многу па макар било и бајка.

Не секој кој е школуван може за себе да каже и дека е образован. Не секој што чита е и начитан…
Се прашувам, кој е во загуба?



Автор: Фросина Китановска

Претходна статија

ДИМЧЕ АРСОВСКИ: ЗАЕВ ГИ ПРЕСЛИКА КРИМИНАЛНИТЕ ПРАКТИКИ ОД ВЛАДЕЕЊЕТО СО СТРУМИЦА НА НИВО НА ЦЕЛАТА ДРЖАВА

Следна статија

„ВИТАЛИА“ ДОНИРА 1 ТОН ОД СВОИТЕ ПРОИЗВОДИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ГРЦИЈА

Најново од Ваш став

Игра на ниски страсти

Fb статус на Никица Корубин Дека политиката е врвна вештина која бара многу знаење, искуство, традиција

Целосна независност

Facebook статус на Никица Корубин Независноста е комплетна кога си свесен за неа. И за нејзиното