|

Шолц: ЕУ треба да го одржи ветувањето за Западен Балкан

Германскиот канцелар Олаф Шолц порача дека ЕУ треба да го исполни ветувањето дадено на Западен Балкан за прием на сите земји во европското семејство.

Шолц рече дека во овој случај станува збор за кредибилитет, како и за обезбедување мир во Европа.

„Геополитичка Европа мора да ги исполни своите ветувања кон соседите. Искрената политика на проширување се држи до даденото ветување. Ова се однесува на земјите од Западен Балкан, на кои ова им го кажуваме веќе 20 години“, рече германскиот канцелар во Европскиот парламент за време на говорот за иднината на Европа, пренесе „РСЕ“.

Во таа насока, Шолц ја спомена неопходноста од напредок во земјите од регионот и ја подвлече важноста од нормализирање на односите меѓу Србија и Косово како и внатрешни реформи во сите земји.

„Овие чекори напред мора да бидат ценети и почитувани од наша страна, бидејќи во спротивно политиката на проширување ја губи својата способност, ја губи способноста да биде поттик како и привлечноста“, рече германскиот канцелар за време на својот говор во ЕП.



Слични Објави