Шпанија и Португалија во финалето на ЕП во футсал

/

Репрезентациите на Шпанија и Португалија ќе се сретнат во финалето на Европското првенство во футсал кое се одржува во Словенија.

Португалија синоќа ја совлада Русија со 3:2 во неизвесен и интересен натпревар кој беше решен во самиот финиш. Русите дојдоа до водство преку Едер Лима во 4 минута и на полувреме беше 1:0, за после на сцена да стапи Андре Коело кој со головите во 31 и 36 минута ја донесе Португалија до водство од 2:1. Во 40 минута Коело го зголеми водството на 3:1 во моментите кога Русија играше без голман.

Веднаш потоа, Едер Лима со нов погодок погоди за 3:2, но за актуелниот светски првак и европскиот вицепрвак веќе немаше време.

Вториот полуфинален натпревар понуди одличен дуел меѓу Казакстан и Шпанија, во кој шпанците после изведување на пенали славеа со 6:5. Во регуларниот дел беше 4:4, а по продолженијата натпреварот заврши 5:5. На крајот подобро се снајдоа играчите на Шпанија, кои беа поприсебни во изведувањето на пеналите.



Големото финале на ЕП во футсал на распоредот е во недела со почеток во 20:45 часот.

Извор: Sportski.mk

Претходна статија

Јуве знае што е најдобро за Дибала – Мино Раиола!

Следна статија

Кутињо: Ова за мене е посебен момент

Најново од Вести