Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Штип
Полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство, против И.З. (58) и И.И. (55), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле четири кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и две кривични дела „несовесно работење во службата“, јавува ТВ24.
Како што соопшти МВР, И.З. во својство на градоначалник на општина Штип и И.И. како вршител на должност директор на Јавното претпријатие „Стипион 2011“ – Штип во периодот од 27.10.2015 до 12.07.2016 година во повеќе наврати ја злоупотребиле својата службена положба и овластување и ја оштетиле општина Штип со повеќе од 15 милиони денари.
Според пријавата на МВР Илчо Захариев како градоначалник на општина Штип издал Одобрение и Наредба за отстранување на објекти околу градскиот базен Штип, без да добие согласност од Советот на Општината, додека И.И. и покрај тоа што знаел дека Одобрението и Наредбата се противзаконски ги извршил.
