| |

„ШПИГЕЛ“: СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“ ГИ ОПРАВДА РЕЗЕРВИТЕ НА ФРАНЦИЈА, ХОЛАНДИЈА И ГЕРМАНИЈА ОКОЛУ ДАТУМОТ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ

Катица Јанева важеше за непоткуплива, а токму од пред зградата на СЈО, во маички со трите обвинителки – Јанева, Фетаи и Ристовска, почнуваа протестите на „Шарените револуционери“ за уривање на националистичко-авторитарниот и мафијашки режим на екс-премиерот Никола Груевски, пишува германскиот неделник „Шпигел“. Меѓутоа, со аферата „Рекет“, овој мит за херојското СЈО се распадна, констатира весникот, јавува порталот 365.

„Шпигел“ ја прозива и владата, за која вели дека неодлучно реагирала околу случајот „Рекет“.

Прозван е и премиерот Зоран Заев, кој, според весникот, „остава впечаток како и тој самиот нешто да прикрива“. Се разбира, весникот не пропушта и да ја цитира неговата веројатно досега најславна изјава – дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педep“ да му ја урнат владата.

Слични Објави