ШТО Е ТОА КИКИ ЧЕЛИНЏ?

//

Од време на време од нигде-никаде се појавуваат најразлични предизвици кои молскавично и од за нас непознати причини го освојуваат целиот свет. Се сеќавате, на пример на предизвикот со полевање кофа вода, или кога група на луѓе требаше да замрзне на една позиција. Се разбира, сите овие подвизи треба да бидат снимени и споделени на интернет, бидејќи во спротивно ниту некој ќе стане популарен, а ниту некој ќе се насмее.

Година имаме нова вирална сензација – предизвикот #InMyFeelingsChallengee или „Ме сакаш и Кики”. Ова е малку покомплициран и поопасен предизвик. Подразбира танцување и тоа не било какво и се шири на интернет како трач пред кооперација – илјадници корисници на социјални мрежи, вклучувајчи и ѕвезди, ги споделуваат видеата што ги снимаат обидувајќи се да ги имитираат движењата на танчерите во спотот на песната на Дрејк„KikiDoYouLoveMe“.

За само неколку недели, повеќе од 400.000 постови се споделени под хаштагот #InMyFeelingsChallenge на Инстаграм, но се започна со @theshiggyshow на инстаграм. На 29 јуни, влијателниот комичар сподели видео од себе си како танцува по улица користејќи движења совршено синхронизирани со стиховите на Дрејк. Кога Дрејк пее „Kiki do You love me/ “Кики, ме сакаш ли?” тој направил гест со рацете во облик на срце.

Полициските сили ширум светот ги предупредија луѓето да престанат со предизвикот бидејќи повеќе лица се повредени при снимањето на видеата. На самиот хаштаг можете јасно да видите како нечиј автомобил се среќава со бандера, како луѓето паѓаат, се повредуваат и ја загрозуваат безбедноста и на другите во сообраќајот.



Неколку земји како Египет, Јордон, Индонезија и Палестина забранија предизвиков да се снима по нивнте патишта. Според медиумите, ОАЕ нареди апсење и парична казна од 500 американски долари за оние кои нема да ја почитуваат забраната. До сега, во Абу Даби се уапсени тројца.. Националниот совет за безбедност при транспорт на САД издаде советодавно барање луѓето да не го изведуваат танцовиот предизвик на патиштата на САД.

 

Претходна статија

КАКО ИЗГЛЕДААТ НЕШТАТА СТАВЕНИ ПОД МИКРОСКОП

Следна статија

ВИДЕО: КАРМАТА Е КУЧКА… ПОСЕБНО АКО И СЕ ПОМОЧАШ НА ГЛАВА

Најново од Магазин