ШТО ВЕЛИ ЗАКОНОТ ЗА ВРЕМЕ НА КРИЗНА СОСТОЈБА

/

Законот ѝ овозможува на Владата да донесува oдлука за употреба на ресурсите на органите на државната управа, органите на општините и на Градот Скопје, како и за управување со нив во случај на кризна состојба. Употребата на ресурсите за остварување на активностите треба да биде пропорционална според природата и интензитетот на кризната состојба, разумна според карактерот на кризата и сериозна според јачината и обемот на кризата.

Во случај на кризна состојба можат да се употребат и ресурсите на јавните претпријатија, установи и служби, како и на трговските друштва кои се од посебно значење за работа во кризна состојба, во согласност со закон. По барање на Владата, врз основа на договор склучен со Центарот или добро- волно, можат да се употребат и ресурсите на граѓаните и други правни лица.

Законот предвидува дека со дел од своите сили може да учествува и Армијата во поддршка на полицијата во услови кога со кризната состојба е загрозена безбедноста на земјата, а органите на државната управа немаат соодветни ресурси и средства за нејзина превенција и справување. Предлог до Владата за потребата за учество на дел од Армијата, согласно со Стратегискиот одбранбен преглед дава Управувачкиот комитет. Претседателот во секое време може да ја преоцени потребата од учество на делот од Армијата. Начинот на учество на дел од Армијата во кризна состојба се уредува со пропис кој го донесува Претседателот.



Извор: Стандард

Претходна статија

ПОГЛАВАРОТ НА ГРЧКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ВО БОЛНИЦА ЗАРАДИ СИМПТОМИ НА КОВИД-19

Следна статија

РАЈАН (СЗО): ВАКЦИНИТЕ НЕ СЕ ВОЛШЕБНО РЕШЕНИЕ ПРОТИВ КОВИД-19

Најново од Вести