Швајцарија повика на крај на неказнивоста за насилството врз жените и девојчињата
По повод 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените, Швајцарија повика на заштита на жртвите и на одговорност за сторителите на родово базирано насилство, соопшти Амбасадата на Швајцарија во Бугарија.
„Обезбедете правда, заштитете ги жртвите, ставете крај на неказнивоста“, е пораката од кампањата на ОН „Обединете се!“ (UNiTE), која Амбасадата ја пренесе во објава на Фејсбук.
Според податоците наведени во објавата, секоја трета жена во светот доживува родово базирано насилство. „Пристапот до правдата е од суштинско значење. Без одговорност и надомест на штетата, родовата еднаквост не може целосно да се оствари“, се наведува во објавата.
Швајцарија се придружи и кон повикот да се прекине кругот на насилство врз жените и девојчињата, како во секојдневниот живот така и на интернет.
