|

Си Џинпинг: Пекин и Вашингтон постигнаа консензус по клучни економски и трговски прашања

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Пекин и Вашингтон постигнале консензус по клучни економски и трговски прашања, по неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп, јавува БГНЕС.

„Економските и трговските тимови на двете страни водеа длабински разговори за важни теми и постигнаа согласност околу нивното решавање,“ изјави Си, цитиран од државната агенција „Синхуа“.

Тој додаде дека двете земји треба што побрзо да ги разработат и финализираат следните чекори, да го задржат и применат постигнатиот консензус и да обезбедат „видливи резултати кои ќе донесат стабилност во економиите на Кина, САД и целиот свет“.

Слични Објави