|

Силен земјотрес ја погоди Кина

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди кинеската провинција Јунан, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Земјотресот се случи во 15:27 часот по локално време, на околу 34 километри од градот Баошан со население од 935.600 луѓе.

Нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета, пренесе РИА.

Слични Објави