|

Силен земјотрес во Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди јапонската префектура Кагошима, на југозападниот дел на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Засега не е издадено предупредување за цунами, објави новинската агенција Кјодо.

Земјотресот се случи во 16 часот и 10 минути по локално време во селото Тошима, кое е дел од синџирот острови Токара, додаде Јапонската метеоролошка агенција.

Слични Објави