|

Силјановска и Тошковски контра премиерот, Мицкоски да им се извини на граѓаните, велат од СДСМ

По претседателката Гордана Силјановска, и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека нема загрозување на безбедноста на државата и затоа нема потреба од свикување на Советот за безбедност. Ова значи дека и Силјановска и Тошковски го демантираат премиерот Христијан Мицкоски, кој јавно соопшти дека има информации за нарушување на безбедноста и дека се спрема дестабилизација на земјата, велат од СДСМ.

„Сосема спротивно, според официјалните изјави на претседателката Силјановска и на министерот Тошковски, Мицкоски не поседувал информации за нарушување на безбедносната состојба.

Очигледно најавите на Мицкоски за некаква дестабилизација биле без основа, односно не се ништо друго, освен сценирање, заплашување и манипулација со чувствата на граѓаните.

За изнесените лаги Мицкоски треба да излезе и да им се извини на граѓаните“, посочуваат од опозициската партија.

Ова, како што додаваат, секако не го исклучува од одговорност за што Обвинителството треба да го повика Мицкоски на сослушување.



Слични Објави