|

За само еден ден 500 Бугари пристапиле до нивните здравствени картони преку апликацијата е-Здравје

За само еден ден 500 Бугари пристапиле до својата здравствена евиденција преку апликацијата е-Здравје, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Ова сега е можно без личен електронски потпис, прецизираат од министерството.

Од почетокот на септември, помош за спарувањето даваат овластени вработени во Подрачните здравствени инспекции, подрачните фондови за здравствено осигурување и канцелариите „Информативна служба“, додаваат од Министерството за здравство.

Од 3 септември започнува организацијата на пунктови чија цел е да допре до што поголем број луѓе. Таму експерти од Министерството за здравство и Министерството за информатичко општество ќе ги објаснат новите можности.

Пунктовите од среда ќе бидат пред Националната палата на културата (НДК – Пилони), во Јужниот парк, до Централниот влез со лакот во Запаадениот парк и во Трговскиот центар (на 4 кат).

Во Пловдив пунктот ќе биде лоциран во МОЛ – Пловдив (прво ниво), додаваат од Министерството за здравство.

БТА потсетува дека од денеска е овозможено и електронски да се известуваат пациентите за превентивните прегледи дека им следуваат по пол и возраст. За таа цел, неопходно е да се користи електронската апликација „е-Здравје“, која е спарена со електронското досие на пациентите. Спарувањето може да се врши во канцелариите на „Информативна слуѓба“ АД, како и во подрачниот фонд за здравствено осигурување или во регионалната здравствена инспекција. Потребно е граѓаните да приложат лична карта.

Фото: БТА



Слични Објави