|

Силна експлозија одекна во Англија: Земјата се тресеше, куќите се нишаа

Стотици луѓе во централна Англија тврдат дека слушнале силен тресок што ја тресе земјата и ги нишал куќите веднаш по пладне по локално време. Како што пишува Дејли Мејл, се пожалиле луѓето кои живеат во областа Оксфорд и во Лестер.

Експлозијата се слушнала околу 12:15 часот по локално време.

Противпожарната служба на Лестер потврди дека слушнале морничав тресок, но дека немало повик. Полицијата соопшти дека добила повеќе повици од граѓани од различни делови на градот за страшната експлозија.

„Ги уверуваме луѓето дека нема причина за паника“, објавија набрзо, без да ја прецизираат причината за експлозијата.

Од Министерството за одбрана не се огласија.



Слични Објави