СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈАТА: ДЕГРАДИРАНИ СЕ ПЕДЕСЕТИНА СПЕЦИЈАЛЦИ СО ОБУКИ ПО СВЕТСКИ СТАНДАРДИ

Синдикатот на полицијата реагира на како што велат, издадените незаконски решенија изминативе денови во Одделот за специјални полициски операции – ЕСЗ и ЕБР. По предлог на раководител, а со согласност на директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) деградирани се педесетина специјалци со највисоки видови на обука по светски стандарди, тврдат синдикалците.Деновиве се поделени повеќе од 50-тина решенија од Единицата за специјални задачи – ЕСЗ и ЕБР каде долгогодишни специјалци и инструктори со поминати највисоки видови на обука по светски стандарди без никаков повод и причина се распоредени и ставени во куќарки да чуваат објекти, се вели во реакцијата на Синдикатот на полицијата.

loading...

loading...