СИНДИКАТОТ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ГО ПОВИКА МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ВЕДНАШ ДА ЈА ОРГАНИЗИРА ВЕТЕНАТА СРЕДБА СО ПРЕМИЕРОТ

Вести Истакнато Македонија

Оваа наша постапка е насочена исклучиво и единствено против одлуката на градските власти, истакна Горан Беговиќ претседател на Синдикатот на Клинички центар  на денешниот штрајк против одлуката за покачување на цената на паркингот во Клиничкиот центар.

Тој наведе дека синдикатот ги повикува градските власти под итно да ја поништат одлуката.

-Не прифаќаме комуникација преку медиуми, туку преку дијалог.Сакаме веднаш со одлука и договор да ни се даде, истакна Беговиќ.

Тој нагласи дека одлуката ја сфаќаат како почеток на трошење на „тенкиот колач“, наречен планирано покачување од пет до 10 отсто на вработените во здравството во 2019 година.

-Го повикуваме министерот за здравство поради актуелната состојба веднаш да ја организира ветената средба со премиерот. Господо од власта ветивте двојно зголемување на платите на здравствените работници, а на докторите специјалисти дека ќе ги покачите најмалку до 100.000 денари. Свикавте прес-конференција за медиуми за покачување пет посто без наше знаење и учество, потенцираше Беговиќ. (Целиот напис прочитајте го овде)