ПОВРЕДЕНА ЖЕНА ПРИ ПАД ОД ТРАКТОР

Во полициска станица Штип вчера во 11:30 часот од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив била донесена В.Д.(57) од село Стар Караорман, штипско која околу 10:30 часот во место викано Балабаница се здобила со тешки телесни повреди при пад од приколка натоварена со бали на работна машина трактор, управуван од Ф.Д.(55) од село Стар Караорман.

Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.