НИКОЛОВСКИ ЗА ФОТОГРАФИЈАТА ОД БЕРОВО: НЕ СУМ ПРЕКРШИЛ НИКАКОВ КАРАНТИН

//

Благодарен сум и среќен што на истокот каде што е мојата изборна единица, мерките се помалку рестриктивни и нема целосна забрана на движењето, па имав шанса на кратко да отидам на чист воздух до Берово, во најубавата природа од овој дел од земјата.

Ви го пишувам ова од мојот роден град, Крива Паланка. Не сум прекршил никаков карантин, ниту некогаш ќе го игнорирам поставениот ред.

Има други неодговорни политичари и поединци кои го прават тоа, и со лажни вести истото нема да им се покрие.

Верувам дека ова е последниот ваков викенд и дека сите сфативме дека до победа над вирусот се доаѓа само со дисциплинирано држење до мерките и со силна ангажираност и одговорност од секој од нас. Нема друг начин.

Да го оставиме сето ова зад нас што побрзо. Знам дека можеме, напиша на својот facebook профил генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.





Претходна статија

АНОНИМУС: ПРИНЦЕЗАТА ДАЈАНА Е УБИЕНА ЗАТОА ШТО ДОЗНАЛА СТРАШНА ТАЈНА ЗА КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО

Следна статија

(ВИДЕО) МАЖ СО МОТОРНА ПИЛА МАВТА ПРЕД ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВО ТЕКСАС

Најново од Вести