МОТОРЏИЈА ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СУДАР СО АВТОМОБИЛ ВО ПРИЛЕП

Вести Истакнато Македонија

На 12.12.2018 година на крстосницата од улица „Марксова“ и улица „Самоилова“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.А.(36) од Прилеп, и моторцикл „Хонда“ без регистарски ознаки, управуван од А.Д. (24) од Прилеп. Во незгодата А.Д. се здобил со тешки телесни повреди по што му била укажана лекарска помош во Општа болница Прилеп. Извршен е увид на местото на настанот.