ДЕВОЈКА ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ОТКАКО СО АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТА ОД ПАТ

Ноќеска ( 13 декември ) околу 1 часот и 20 минути, на Булевар „Илинденска“ во Тетово патничко моторно возило „Опел корса“ со тетовски регистерски таблици што го управувала 25- годишната тетовка М.Л, загубило контрола, излетало од коловоз и удрило во метален столб од улично осветлување.

Повредената М.Л. пренесена е во тетовската клиничка болница. Извршен е увид и се утврдува причината за излетувањето.