СИНДРОМОТ „АНТЕ МАРКОВИЌ” ИЛИ ШТО ПО ТОА?!
Присутноста на адолесцентните синдроми во политиката се сѐ уште многу присутни на дел од Балканот. Повеќе или помалку,овие синдроми се најзастапени во – Србија, Македонија, Бугарија, Босна и Албанија.
Косово си има кои да им ги лечи и на крајот и таму и секаде во овие земји, докторот ги лечи успешно. Во изминатиот пола век, кога се гледа светлото на крајот на тунелот, секогаш еден од клубот на Неврзаните доаѓа во грб да го угаси. Посебно кога е поврзан со Исток. Во Грција не постои лик ма и пијан, кој во ниту една пригода би ви рекол- Знаете ли кој сум јас?! Такви ликови се помалку има во една Бугарија, каде побрзо зреат од нас.
Такви ликови нема во Европска Унија. НО такви ликови сѐ уште има во Македонија, Србија и Босна. Каде помалку, каде повеќе. Ужасен е тој ментален склоп на психолошката состојба-Знаете ли кој сум јас?! Веројатно го знаеме од полициските и судските лавиринти. Не го знае јавноста но правосудната фела и неговото маало кое го малтретира во пијана состојба, особено го знае. Во времето на Груевски, а и сега во времето на Зоран Заев, овие ликови посебно се толерираат како мноогу важни. „Разговарано е со човекот”. Оваа ситуација не е на јасно како ќе ни помине и како тоа ќе бидеме излекувани. Ни повеќе ни помалку барем да ја добиеме пристојноста на Грција или Словенија.
Не бараме многу. Таквите во овој момент се разбира дека му пишуваат на Зоран Заев дека тежат гласови и гласови, а истите му пишуваат и на Мицкоски. Се разбира од овде почнува овој синдром. Да би го угасиле oвој синдром и Заев и Мицкоски, треба јавно да го соопштат дека освен нив, такви во земјава НЕМА. Тоа не би било лошо и да го соопшти и претседателот на Парламентот и претседателот на државата, дури си игравме меѓународна политика овие 3 години помеѓу изборите, каде нити еден домашен чинител пак и не стори многу нешто. Внатре ситуацијата ни станува се понесносна. 38% неопределени на изборите.Ваков е резултатот од првичните испитувања на фокус групите.
Со вакво темпо до избори има два правци- Би се намалиле или би се зголемиле. Фактот дека може да се зголемат е црниот Пр на опозицијата и позицијата. Фактот дека можат да се намалат е- Лошиот вокабулар на Мицкоски но и скандалите на владејачкото мнозинство. Во првиот случај на Мицкоски, на конто на СДСМ би завршиле многу гласови, ако ја претера со името-презимето, Преспа и слични негови глупости, кои служат да добие гласови иако ЦВРСТИ ГАРАНЦИИ дека тоа нема да го прави, веќе испорача до најкрупните амбасадори. Позицијата е мрзлива, самобендисана и затворена во нивни шеми и нивни пресметки. Тоа произведува и скандали. Јане и тој со мерцедесот се во затвор. Миле се влечка по судови. И вкупно толку. Ако е правната разврска на Грујовите 11 години ова, предлагам Јане од одма да се пушти. Па, сериозно не е фер да биде поинаку. Ем го заглавија неговите, ем им го дадоа на тацна да биде суден и дури и осуден.
Доколку победи СДСМ многумина ме убедуваат дека од одма ќе тргнат во судир со Заев и СДСМ. Доколу победи ВМРО-ДПМНЕ ќе биде многу интересно, а тоа ќе го објаснам кога ќе победи. ВМРО-ДПМНЕ е многу комплицирана партија да некаков Мицкоски, Груевски, Мијалков или не знам какви, би имале отворени раце или врзани раце или договорени раце. Важно е дека Геро и Кочо се спасија, нема да ги обесат. Другово ќе видиме. Пост изборно ќе видиме. И сега се мислите зошто ставив онакво заглавие на текстот. Па просто е- Молиме до избори странскиот фактор доволно да го залепи на столица Мицкоски и да даде супергаранции дека овој резултат на Заев каков и да е, ем Преспа ем Платформи ќе ги почитува, оти може да има голема хаварија како Пост-Марковиќ времето.
Таман сме го виделе светлото на тунелот дека ќе не примат во НАТО скоро, а и ете некаков датум или не знам што со ЕУ што ќе е доволен старт за добар почеток во нормализација на земјата. Дали Зоран Заев ќе добие чист мандат. Каков и да добие, тешко 4 годишен.Таму хавариите си се во заседа. Ако Мицкоски ги изгуби изборите, за 2-3 години ќе заборавиме и кој беше. Односите со Бугарија, Грција сега ни се на НУЛТА брзина. Избори се не чекајте ништо по тоа. Се лобира ЕУ да ни даде ете ДАТУМ пред избори. За бустер на ДУИ и на СДСМ, што е сосема легитимно. Легитимно е Мицкоски да бара чист мандат да би го укинал Преспанскиот и да го врати конечно меѓународното име на земјата-Бивша Југословенска Република Македонија, нормално и фактички. Борбата за гласови ќе е жестока. Секакви работи ќе се користат до избори. И лидерите им се обраќаат на целните групи со вокабулар каков што групите сакаат да слушнат. Едно е сигурно. И после избори, Груевски нема да се врати во Македонија. Во престапна година ништо не се прави. Ќе одложи малку за потаки.
Значи дека сме сега позрели и очекуваме да Мицкоски издаде извесни гаранции или уште еднаш да ги даде каде што треба. Синдромот на Анте Марковиќ не прави многу осетливи. Очекуваме малкуте светли моменти кои ни ги приреди владата на Заев да продолжат во континуитет, а Синдромот Марковиќ да си го повторуваме секогаш- ПРЕДИЗБОРНО.
Автор: Даме Чкатроски
