СИНОЌА ВО СКОПЈЕ ОПОЖАРЕНИ ДВЕ ВОЗИЛА
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Скопје синоќа биле опожарени две возила.
Во 2:30 часот по полноќ во Секторот за внатрешни работи Скопје е пристигната пријава за опожарено патничко моторно возило „шевролет авео“ во сопственост на Т.И. (64) од Скопје, улицата Фуштанска во населбата Ченто.
Вториот случај е регистриран во 3:40 часот. На улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ во Центар опожарено е патничко моторно возило „Мерцедес Ц 220“ во сопственост на Ш.Н. (70) од Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.

