| |

СИТЕ ДЕЛИМЕ ИСТ КРОВ…

Како што можам со таксист да се изнапраам муабет, не можам ни со бербер…

Си велев овој напис да го напишам откако ќе поминат деновите на жалост, но не издржав и еве пишувам.

Ја имаме привилегијата да живееме на место каде што само политичарите, а не природната омраза стои помеѓу нас. Тоа ми го покажа трагичниот настан од синоќа.

Си се отворивме со таксистов… си ја кажавме маката по луѓето и ни олесна. Браќа ни се… Боли!!! Таа болка нѐ спои. Оти милион пати сме слушнале и за други трагедии, ама истите не успеале така да не обединат против злото. Сите најдовме по капка добрина во нас… е не баш сите, ама од оние што не успееа да најдат, реално не ни очекувавме. Да не се лажеме.

Не само што сме во еден автобус… ние делиме и ист кров. Ајде заедно да си го зачуваме и барем на 5 мин вистински да се сакаме.
Сите доаѓаме на светов исти, со исто количество среќа и достоинство.

Кажете им на тие што ви значат нешто во животот, дека ви значат. Кажете им, оти автобусот што го делиме не е константен. Се менува, ајде и ние да се смениме на подобро. Мислам дека имаме време.

Автор: Батко Тане

Слични Објави