| |

СИТЕ ОБВИНЕТИ КОИ НЕ МОЖЕА ДА ОСТАНАТ ТРУДНИ СЕ РАЗБОЛЕА

Сите обвинети кои не можеа да останат бремени, се разболеа. Оваa шега, која се врти низ социјалните мрежи, ја отсликува здравствената состојба на звучните имиња од политичката елита кои треба да одат во затвор или се веќе таму, пишува во материјал за Независен, новинарката Фросина Факова-Серафиновиќ.

Последен во болница заврши обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13. Вчера попладне со полициска придружба тој беше донесен во Ургентниот центар во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за да направи контрола, односно подготовка за веќе закажана втора операција. Иако и втората операција Боки требало да ја направи во приватната болница која се поврзува со Орце Камчев, самиот побарал да му биде направен преглед во државна болница и таму да ја направи операцијата, стои во материјалот на колешката Фросина Факова-Серафиновиќ.

Слични Објави