СЈО отвори истрага за пропаднатиот попис против лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ
Специјалното јавно обвинителство отвори истрага за пропаднатиот попис од 2011 година. Истрагата е отворена против тогашните коалициски партнери, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Според обвинителката Фатиме Фетаи тие ја злоупотребиле функцијата и нанеле штета на буџетот од 175.123.909 денари.
Причината за престанок на пописот, според СЈО било тоа што со спроведениот попис ќе им се нанесело огромна штета на угледот на лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Исто така според СЈО лидерите немале капацитет да спроведат реален попис кој би го покажал иселувањето од Македонија.