| |

СКОПЈАНЕЦ ПРОДАВАЛ РАЗНОВИДНА ДРОГА, ПОЛИЦИЈАТА УПАДНА ВО НЕГОВИОТ ДОМ

Одделението за недозволена трговија со дрога поднесе кривична пријава против М.Ј.(31), поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по чл.215 од Кривичниот законик.

Имено, на 07.08.2019 година, по претходна судска наредба бил извршен претрес кај осомничениот во стан кој го изнајмил.

При претресот во домот пронајдени биле: марихуана, дигитална вага со остатоци од дрога, семки од канабис, таблети бупренорфин.

Слични Објави