|

Скопје ќе остане без јавен превоз, ЈСП не ги доби субвенциите со кои треба да подели плати

Советот на Град Скопје не ги изгласа субвенциите за ЈСП кои прептпријатието ги чека за да ја исплати декемвриската плата.

„За одлуката гласале 22 членови, 13 се против. Констатирам дека одлуката за давање субвенции не е досесена“, кажа Славески.

Веднаш по гласањето во Советот, Град Скопје испрати соопштение во кое за наизгласаните субвенции ги обвинија советниците од ВМРО-ДПНЕ.

„Советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно одлучија да ги остават вработените во ЈСП Скопје без плата а граѓаните на градот Скопје без превоз. ВМРО-ДПМНЕ се деструктивна партија која нема слух за потребите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје се изживува со луѓето без грам совест и без грам одговорност“, рекоа од град Скопје.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, им даде недвосмислена поддршка на синдикатите за исплата на субвенции на ЈСП за декември. Таа претходно ги повика советниците да ги изгласаат субвенциите за да вработените во ЈСП земат плата.

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утрово од 9 часот се повлекоа во двете автобази во Автокоманда и во Ѓорче Петров. Таму од 10:30 часот протестираат и го чекаа исходот од вонредната седница на Советот на Град Скопје на која се расправаше и требаше да се одлучи за исплата на субвенции на ЈСП за декември во износ од 11 милиони евра.

Слични Објави