СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: КОСОВО И СЕ ЗАКАНУВА НА МАКЕДОНИЈА СО РЕЦИПРОЦИТЕТ

//

Косово испратило официјално писмо до Владата на Република Северна Македонија барајќи да се отстранат бариерите што се ставени на косовските производи, поточно во случајот со увоз на жива риба за размножување. Доколку не се отстранат бариерите, косовските власти ветуваат дека ќе ги применат истите мерки за реципроцитет и на македонските производи, пишува Експрес.

Ова го соопшти денеска поранешниот министер за трговија и индустрија на Косово, Ендрит Шала. Тој испратил писмо до министерот за економија на Северна Македонија, Крешник Бектеши.

Преку ова писмо Шала побара Македонија да ги отстрани бариерите што ги наметна за косовските производи.

– Инаку, ние ќе разгледаме мерки за реципроцитет за сите производи од Северна Македонија кои се извезуваат во Косово – рече Шала.



Извор: Слободен печат

Претходна статија

ВИДЕО: „ЧИСТА, ЧИСТА, ЧИСТА МАКЕДОНИЈААААА“

Следна статија

АДВОКАТОТ ДАВИДОВИЌ: ОБЈАВЕНАТА СНИМКА НЕ ЈА ПОПРЕЧУВА ИСТРАГАТА

Најново од Вести