СЛОВАЧКА СО РИГОРОЗНИ МЕРКИ И ОГРАНИЧУВАЊЕ ДВИЖЕЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ ЗАРАДИ КОВИД-19
Словачка има намера да го ограничи слободното движење на луѓето од среда до 13 април, најави премиерот Игор Матович.
Луѓето ќе можат да одат на работа, да купуваат или на лекар, изјави синоќа Матович на прес-конференција.
Целта на овие мерки според Матович е да се избегнат непотребни патувања и состаноци и на тој начин да се избегне раст на бројот на инфицирани луѓе.
Ограничувањата мора да бидат одобрени од Владата што ќе се заседава денеска.
Словачка веќе забрани меѓународен патнички транспорт, сите јавни настани, затвори училишта и повеќето продавници за да го ограничи ширењето на новиот коронавирус. До неделата во земјата беа 485 случаи на заразени со новиот коронавирус.
