Со Бујар го почнуваме најважниот референдум за да ја оствариме нашата визија за консензуален претседател, рече Ахмети
Давам одлучен завет дека ние нема да бидеме дел од ниту една влада која нема да го промени Уставот и ќе одиме во опозиција за да се бориме и да ги победиме егзистенцијалните закани за нашата земја, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Во обраќањето, првиот човек на интегративците повика на поддршка од гласачите и официјално објави дека актуелниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, ќе биде нивниот кандидат за претседател на државата.
„Вашата доверба ќе ни овозможи со отворањето на Уставот да го спроведеме и Договорот со Бугарија и да ја деблокираме европската интеграција и така да и кажеме на Русија, оди си“, рече Ахмети.
„Со Бујар го почнуваме најважниот референдум на нашето време и следната битка за да ја добиеме Вашата доверба за да го избереме Претседателот во Собрание со двотретиско мнозинство и со Бадинтерово мнозинствл, за да ја оствариме нашата визија за консенсуален Претседател“, рече Османи.
Ахмети ја нарече Русија поларна мечка која ни тропа на вратата и веќе во сите пори е во нашето општетство, дестабилизирајќи ги иституциите и влиаејќи во политичката сцена во земјата.
„Русија е присутна во политичките партии во нашата земја, во нашите медиуми, во цивилното општетсво, во нашето стопанство, нашата критична инфраструктура и во секој сегмент на општеството, не само кај нас, туку и во нашиот регион. Рускиот претседател Путин, Министерот за надворешни Лавров, изјавија дека членството на Македонија во НАТО е пламена линија за Русија, и се построија против нашето членство во Европската Унија. Сега сме сведоци на масивното малигно мешање за да ни се оневозможи продолжување на нашиот европски пат и враќање на повеќедецениската изолација која ќе го дестабилизира нашето општество“, рече Ахмети.
Како што додаде, Македонија е мала земја и е крстопат на цивилизациите, со кревко мултикултурно и мултиетничко општество, уште цело неконсолидирано, елементи кои се од интерес за Русија за да ги искористи на начин за да постигне домино ефект во целиот регион и да го дестабилизира регионот.