НОВИ РОЧИШТА ЗА „ШПИОН“ „ТАЛИР“ И „ТРЕЗОР“

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани рочишта за предметите на СЈО „Талир“, „Трезор“ и „Шпион“.

Во „Талир“ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и перење пари, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети за перење пари. За истото дело, како правен субјект во обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.