Со документарец за Гоце Делчев Бугарската национална телевизиja ќе ја прослави годишнината од раѓањето на големиот бугарски револуционер
Бугарската национална телевизија на 4 февруари во 18 часот и 30 минути ќе ја прослави годишнината од раѓањето на големиот бугарски револуционер Гоце Делчев со емитување на документарниот филм „Уште ли бродиш, Делчев војвода!“.
Гледачите ќе видат уникатни снимки поврзани со неговиот подвиг и судбина, ќе научат малку познати факти за пренесувањето на неговите посмртни останки по неговата смрт во селото Баница, ќе ја почувствуваат почитта што ја добива од обичните луѓе во селата и градовите преку кои поворката поминува со неговите мошти на пат кон Скопје. Авторите на филмот ја откриваат скриената порака од аџилакот на моштите на Гоце Делчев во три балкански земји.
Документарецот на БНТ Благоевград „Уште ли бродиш, Делчев војвода!” е посветен на животот, борбата и херојската смрт на Гоце Делчев. Историјата сочувала уникатни снимки од настаните и активностите на големиот бугарски револуционер, водач и идеолог на Бугарските македоно-одрински комитети. Сценаристи на филмот се Красимир Кушев и Валери Јаков, режисер е Валери Јаков, камерман е Љубен Пенков, композитор е Петјо Крстев, а консултанти се научниците Андреј Пантев и Михаил Неделчев.

