Со голем успех е заврши археолошкото истражување на средновековниот град Рускастро за 2023 година
Со голем успех за научниот тим заврши археолошката сезона во средновековниот град Рускастро во Бугарија. Во последните денови од ископувањето археолозите откриле ѕид од засега непозната борбена кула. Тој е долг е 6 m и најверојатно бил со правоаголен план. Кулата останува неистражена бидејќи е откриена буквално на крајот од ископувањата.
Во 2023 година откриен е монументален ѕид на тврдина со дебелина од 1 до 3 m и линеарна должина од 52 m од внатрешната страна и 20 m од надворешната страна. Утврдени се два периода на градба – рановизантиски и средновековен.
Откриени се голем број движни наоди, меѓу кои близу 40 монети и оловен печат со ликот на свети Димитриј Солунски.
Меѓу монетите преовладуваат бугарските на царот Иван Александар, но има и сребрени примероци на ахајскиот деспот, српски монети, па дури и пари на француски крал ковани во францускиот град Тур. Тоа е или кралот Свети Луј IX или кралот Луј X. Пронајдената монета е исклучително ретка за Балканскиот Полуостров.
Пронајдени се и многу железни предмети меѓу кои особен интерес предизвикуваат врвовите на стрелите.
Ископувањата на средновековниот град Русокастро ги врши Регионалниот историски музеј – Бургас, а се финансирани од општина Камено и Министерството за култура на Република Бугарија.
